Фото: Зоран Антоски

Деновиве ЈКП „Комуналец“ започна со поставување на хоризонтална сигнализација на кичевските улици. Вработени од ова претпријатие секојдневно се ангажирани во поставување на патната сигнализација во сите делови на градот. Директорот на оваа компанија Зенел Јонузи најави дека до крајот на месец мај хоризонтална сигнализација ќе добијат сите улици во Кичево.

– Во овој период од годината традиционално се врши поставување на хоризонтална сигнализација на градските улици, пешачки премини, стрелки пред кружните текови и испрекинати линии. За оваа потреба користиме сопствени помагала, а хоризонталната сигнализација ја поставуваме со бои од српската компанија „Зорка“ – Шабац – рече директорот на комуналното претпријатие Зенел Јонузи и нагласи дека оваа сигнализација ќе биде освежена во текот на есента, на улиците каде што фреквенцијата на луѓе е најголема, пред училиштата и градинките.

Јонузи потсети дека хоризонталната сигнализација има голем придонес во намалувањето на сообраќајки во градот и е зголемена безбедноста на пешаците , бидејќи возачите во најголем дел ја почистуваат оваа сигнализација.

Единствено што недостига во градот се велопатеки и затоа и велосипедистите сеприморани да се движат по тротоарите и затоа во повеќе наврати настанала колизија со пешаците. З.А.