Од пред петнаесетина дена влезот на Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево, го краси нов мурал, дело на уметницата Ивана Самандова, која во соработка со своите колеги, уметниците Александар Џинго и Методи Исков, го создадоа овој мурал, преку кој идеjата е да се поттикне размислување околу потребата за соработка меѓу луѓето особено на полето на уметничките и креативни дејности.
– Во соработка со организацијата Факултет за работи што не се учат – Скопје, идејата за мурал е делумно инспирирана од големиот македонски вајар Јордан Грабулоски, кој во Кичево го има изработено рељефот на спомен-костурницата на Китиното Kале. Од истиот тој рељеф композициски се презема инспирацијата да се преобрази во еден поинаков контекст преку кој се нагласува хармонична соработка помеѓу луѓето, но и ја доловува фактичката функција на Центарот за култура како простор каде што се негува културата и уметноста иницирана од индивидуалци и групи. Кога заедно би создавале и негувале услови каде што сите би се чувствувале подdржани едни меѓу други, низ заедничката соработка би се развила здрава потреба за творештво во заедница, каде што едни со други меѓугенерациски си помагаме и го потхрануваме нашиот заеднички и индивидуален развој – истакна Мазлам Османи, директор на Центарот за култура во Кичево.
Работниот наслов на муралот е „Соработувај“. Просторот меѓу луѓето што работат заедно е исполнет со конфликти, возбуди, радости и огромен творечки потенцијал, вели канадскиот дизајнер и едукатор Брус Мау.
Османи најави дека во блиска иднина е можно поставување и на уште еден мурал на западната страна од Центарот за култура со поголеи димензии.
З.А.