Директорот Националниот парк Пелистер, Осман Шукриу, го потпиша договорот со фирмата изведувач на Адреналинскиот парк во Националниот парк Пелистер, кој ќе се гради во рамките на проектот „Авантура преку граници“.
– Оваа можност е од големо значење за нас како институција, бидејќи со овој парк ќе се зголеми туристичката понуда во НП Пелистер. Туристите ќе можат да уживаат во предизвиците кои ги нуди Адреналинскиот парк. Предвидена е изградба на Адреналински парк за деца и возрасни, виа ферата и зип линија – велат од НП Пелистер.
М.М.