Фото: З.А / Манастир - „Пресвета Богородица Пречиста“

Манастирот „Пресвета Богородица Пречиста“ денес го слави својот патрон Рождеството на Мајката Божја. На одбележувањето на овој голем празник манастирот е посетен од голем број на верници од сите градови во земјава а празнувањето започна уште синоќа кога се отслужи празнична богослужба .

– Рождеството на Мајката Божја, манастирот„ Пресвета Богородица Пречиста кичевска“ го одбележува со низа свечености. Започна со вечерната богослужба и со замонашувањето на една искушеничка која го доби монашкото име Теодосија. На самиот празник богослужението започна во 7,30 часот со утринска Богослужба и продолжи со свечена Архиерејска Богослужба , информира црковниот активист и верник Бошко Сарафилоски.

Во двата дена во манастирот се очекува да бидат присутни повеќе илјади верници од сите градови во земјава а дел од нив и ќе ноќеваат во манастирските конаци. Традиционално за овој голем ден верниците го даруваат манастирот,оставаат секакви подароци а понекогаш даруваат и жив добиток за здравје на фамилијата.

Манастиркиот кум Горан Стојкоски за верниците присутни на ова одбележување покрај манастирска вечера спроти празникот, на самиот празник ќе служи манастирски ручек и во исто преме ќе се изврши и традиционално примопредавање на кумството од стариот на новиот кум.

З.А