фото: Зоран Антоски

Со голем црковно народен собир ќе биде одбележана 150-годишнината од возобнавувањето на црквата „ Свети Никола“ во село Брждани, Кичевско, изградена на место каде порано постоел црковен храм. Свеченоста ќе се одржи во црковната трпезарија во старото село Брждани, кое е оддалечено околу 1,5 километри од новото село. Свеченоста ќе започне во 8 часот наутро со Света Божествена литургија со која ќе чиноначалствува свештеник од кичевското архиерејско намесништво.

– Со Света Божествена литургија со која ќе чиноначалствува свештеник од кичевското архиерејско намесништво, ќе започне одбележувањето на 150-годишнината од возобновувањето на црквата „Свети Никола“ во село Брждани. По литургијата, од страна на домаќините во трпезаријата ќе биде послужен црковен ручек за сите присутни верници на ова одбележување. Крајот на ова одбележување ќе биде заокружен со културно- уметничка програма со учество на млади пејачи и фолклористи од градот – истакна Љупче Костески од село Брждани.

Тој потсети дека црквата„ Свети Никола“ се наоѓа во старото село Брждани од каде поголемиот дел жители пред околу 40 години се преселиле во новото село што е на оддалеченост од 1,5 километри и се наоѓа во бржданското поле, додека во старото село денес сѐ уште живеат мал број на жители.

З.А.