фото: Зоран Антоски

Верници од Кичево со теренски возила и комбиња од манастирската шума пресекоа две помали дабови стебла, кои потоа ги донесоа во црковниот храм, каде ќе бидат осветени од страна на Митрополитот Дебарско-Кичевски Господин Тимотеј и ќе бидат поделени на верниците присутни на попладневната литургија.

– И годинава ја продолживме традицијата на нашите сограѓани и верници да им поделиме бадникови гранчиња. Најпрво се упативме во манастирската шума каде во присуство на свештеникот Александар Матески пресековме две помали дабови стебла, кои потоа ги донесовме во црковниот храм, каде ќе бидат осветени на попладневната литургија од страна на Митрополитот Дебарско-Кичевски и Плаошки, Господин Тимиотеј. На овој ден црковниот храм е посетен од голем број верници што земаат од осветените бадникови гранчиња, кои според верувањето ќе им носат здравје и напредија во семејството – истакна еден од иницијаторите за оваа акција, Ивица Мисајлески.

Едното од дабовите стебла беше нагорено на огнот запален во дворот на црковниот храм и истото ќе биде ставено зад олтарот во внатрешноста на црквата.

З.А.