Денес прес конференција одржа Движењето Беса, со цел да се актуелизира проблемот со неконтролираното сечење на шумите во Кичево и Крушино. Пред присутните говореше претседателот на огранокот во Кичево, Агим Садику.

– Се собравме денеска овде пред шумското стопанство да го кренеме гласот против криминалот што се случува со масовното и неконтролирано сечење на шумите во Кичево, поточно во месноста Крушино, каде се случува масакр врз природатата, каде што со најдиви облици се случува сечење на дрвјата, каде што голем број граѓани ја користат оваа локација за планински туризам и рекреација – истакна во своето обраќање Садику и нагласи дека ваквото нарушување на природата и шумата во овој локалитет е криминоген чин кој тивко минува пред очите на сите надлежни институции правејќи ги соучесници на овие криминални дела.

Садику побара веднаш да се прекине со дивата сеча на шумата во Крушино.

– Оваа појава мора веднаш да се прекине и затоа апелираме до надлежните институции вклучувајќи го и инспекторатот на општина Кичево и МВР, организирано да преземат активности за да се спречи нелегалната и неконтролирана сеча од криминални групи, за кои имаме точни индиции дека се поврзани со одредени лица и во Подрачната единица на Македонски шуми во Кичево, како и одредени структури во МВР и инспекторатот за шумарство-додаде претседателот на огранокот.

На новинарско прашање до потпретседателот на Движењето Беса, Фатмир Лимани за проблемот со јавното осветление во градот, Лимани со одговор:

– Сме реагирале во врска со уличното осветлување од моментот кога се распиша тендерот за уличното осветлување и кога одредена фирма го доби тој тендер, кој беше противзаконски. Но и медиумите и граѓаните со молчење преминаа преку овој проблем. Во врска со оваа тема, како и со кучињата скитници и другите проблеми во општината, ќе одржиме повеќе прес конференции, а ќе има и блокади на патиштата и други порадикални мерки, ако не се заштити интересот на граѓаните – порача Лимани.

З.А.