Фото: З.А.

Вообичаено околу 10 април јапонските цреши главната улица во Кичево ја претвораат во розова убавица, а тука е и црковниот храм „Свети Петар и Павле“ , кого овие денови чиниш како да го прегрнала оваа розовина.

– Најдоброто обележје на пролетта во нашиот град се расцветаните јапонски цреши на главната улица. Кога ќе поминуваме под расветаните цреши се одушевуваме од несекојдневната убавина која ни ја нудат овие растенија, која ќе биде присутна наредните неколку дена, и со која ќе се насладуваат сите минувачи на овој дел од градот – посочи Зоран Стефаноски, постар жител кој живее во непосредна близина на главната улица.

Забележливо е како најмладите од градот оваа убавина ја користат да се фотографираат или да направат самослик и да го овековечат овој период од годината, кога јапонските цреши им го нудат сиот раскош што природата им го дарила. З.А.

Фото: З.А.