Пред платото на Офицерски дом – Битола во организација на проектот на ЕУ „Поддршка на социјалните претпријатија“, имплементиран од Ептиса, Барка и Екорис, каде корисник е Министерството за труд и социјална политика, денеска се одржа вториот по ред „Саем на социјални претпријатија“.

Социјалните претпријатија кои беа присутни на саемот преку економски активности прават добро за општеството. Тие вработуваат маргинализирани групи и го реинвестираат својот профит со цел решавање на одредени општествени
проблеми.

Граѓаните оваа година се запознаа со работата на повеќе од 11 организации кои пред нив ги презентираа своите услуги и производи.

Пораката испратена од тим лидерката на проектот, Барбара Садовска ја акцентира потребата и заинтересираноста на посетителите за моделот на социјални претпријатија и верува дека во овој регион ќе има одличен развој на полето на социјалната економија.
М.М.