Во делот на инфраструктурата, согласно програмите за комунални дејности и уредување на градежно земјиште и развојната програма, во 2023 година, Битола во
наредната 2023 година планира да потроши вкупно 7,2 милиони евра.

Најмногу средства ќе се потрошат за реконструкција на 40 нови улици, во должина
од 22,4 меѓу кои, улица „Индустриска“ во должина од 2,4 километри, група на улици во
должина од 1909 метри, потоа улиците „Драгорска“, „Зборска“, „Стив Наумов“ реконструкција на улицата покрај „Светонеделските гробишта“, втора фаза од
реконструкција на улицата „Солунска“ и други улици во урбаниот дел, додека во руралните средини предвидена е реконструкција на улична мрежа во Оптичари, Егри,
Лажец, 11 улици во Долно Оризари и исто толку во Горно Оризари.

Во 2023 година заначајни средства ќе се потрошат за изградба на новиот парк во Нова Битола и за прифатилиште за бездомници.

Овие проекти ги најави градоначалникот на Битола, Тони Коњановски на последната овогодишна седница на Советот, на која беше усвоен буџетот на Општината за
2023 година. М.М.