Три големи пожари избувнаа напладне на три локации во близина на Струмица.

Според информација од ТППЕ од Струмица, пожарите избувнале во близина на селото Баница, кај затворот во Струмица и во месноста Софилар.

Во гаснењето на пожарите учествуваат повеќе екипи на ТППЕ Струмица, а чадот од пожарите се забележува и од поголема далечина, додека ветрот ги раснесува саѓите низ целиот град.