Деновиве ќе се потпише договорот за изградба на топлификационата мрежа од РЕК „ Битола“ кон градот Битола, изјави попладнево за ТВ Тера генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски.

Инвестицијата е вредна од 28 до 30 милиони евра. Проектот кој со децении го очекуваа и посакуваат битолчани ќе се гради со задолжување код кредитна банка, од каде ЕСМ веќе користи кредитна линија за изградба на ветерниците во Богданци.

– Успеавме овој проект од проект во мирување за само една година, со максимално ангажирање на вработените во ЕСМ, вработените во РЕК Битола да го завршиме. Во наредните денови околу 15 и 20 јули очекуваме да потпишиме договор со економскиот оператор кој што ќе биде избран и на есен да почнат градежните работи на терен – изјави Ковачевски.

М.М.