Општина Новаци во континуитет работи не само во подобрување на условите за живеење во сите населени места, туку инвестира и во подигнување на нови паркови, со чија изградба целосно се промени сликата за општина Новаци.

Со средства од програмата за фосилни горива и преку Министерството за животна средина инвестирано е во изградба на два рекреативни парка во селата Горно и Долно Агларци.

По барање на локалното население од овие две соседни села извршена е реконструкцијата на два постоечки бунари со комплетно партерно уредување.

Парковите располагаат со детски реквизити , клупи за седење, летниковеци, реконструирани бунари и друга урбана опрема. Покрај изградбата на нови, локалната самоуправа редовно се грижи за одржување и чистење и на останатите паркови низ општината.

М.М.