Долгогодишната зачмаеност и недоволниот економски развој, придонесоа граѓаните на Кичево да бидат лидери по резигнираност во земјава. Ова го потврдуваат истражувањата извршени од страна на „Екосвест“ во период од два месеци во целата наша земја. Според нивните резултати градот под Китиното кале е број еден во земјава.

-Истражувањето од наша страна што го извршивме во сите градови во земјава во претходниот период, во траење од два месеци, цел ни беа три фокус групи со по 10-15 учесници. Ова истражување беше со цел да се приберат што повеќе квалитативни податоци. После завршеното истражување резултатите потврдуваат, дека малите можности и надежите на граѓаните на Кичево се главните причини нивната резигнираност да биде најголема во целата наша земја. Според нивните согледувања, единствена алтернатива е да се има зголемен економски развој, кој секако ќе придонесе резигнираноста да се намали, а оптимизмот да се зголеми – истакна Невена Смилевска од „Екосвест“, вклучена во оваа истражувачка операција.

Токму и најголемата потрошувачка на диазепам во земјава, според бројот на жители, е уште една потврда дека Кичево е депресивен град, а неговите жители се на врвот по резигниранот. З.А.