Општина Кичево за утре организира еко – акција со работен наслов „За почисто Кичево“. Акцијата ќе се спроведе на целата територија на градот и ќе се собира сметот од сите сообраќајници, тротоари, зелени површини и од оние локации каде фреквенцијата на луѓе е најголема.

– ЕЛС Кичево утре од 7 часот наутро до 12 часот напладне, во градот ќе спроведе еко – акција „За почисто Кичево“. Во оваа акција ќе бидат вклучени вработените во локалната самоуправа, комуналното претпријатие, образованието и сите останати структури во градот. Ќе се собира сметот од сите улици, тротоари и зелени површини, а се апелира, покрај горе споменатите, во оваа акција да земат учество и што поголем број граѓани за да имаме поубав и почист град. Очекуваме овој наш апел да допре до сите оние на кои почисто Кичево многу им значи. Инаку вакви еко – акции локалната самоуправа спроведуваше и претходните неколку години -истакна Емилија Петкоска, задолжена за екологија во Општина Кичево.

З.А.