Во Струмица денеска и утре стапуваат на сила препораките и мерките против аерозагадувањето бидејќи во изминатите два дена е надминат прагот алармирање на ПМ 10 честичките.

– Од таа причина за градот Струмица денес и утре на сила се препораките и мерките согласно заклучоците од записникот од 40-та седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година, се наведува во соопштението што вечерва беше испратено од владината прес- служба.