фото: Зоран Антоски

Во општина Пласница денес беше спроведено гласањето на болните и изнемоштени лица, кои побараа да гласаат во домашни услови. Од страна на комисијата беа прифатени 76 барања, додека 2 барања беа отфрлени.

– Од 76 граѓани кои побараа га гласаат во домашни услови, 70 го искористија своето демократско право на глас, додека 6 граѓани кои беа на списокот на болни и изнемоштени или не беа на адресата на која се пријавени или едноставно одбија да гласаат. Во оваа општина немаше пријавени лица болни од Ковид-19 или лица во изолација, кои побараа да гласаат во домашни услови, и кое требаше да се спроведе во текот на вчерашниот ден – рече Салмин Шаќироски, секретар на ОИК за општина Пласница.

Инаку во оваа општина бројот на гласачи на единствениот избирачки список изнесува 4 954, додека бројот на избирачки места е 8, кои живеат во 4 населени места во оваа општина и тоа Пласница, Преглово Лисичани и Дворци. Избирачките места утре се отвораат во 7 часот наутро и ќе бидат затворени во 19 часот. За овие предвремени локални избори пријавени се двајца кандидати. Ако излезе една третина од избирачите и ако еден од кандидатите освои повеќе од 50 проценти, тогаш уште утре вечер оваа општина може да го добие новиот градоначалник, кој на ова место ќе остане до редовните локални избори наредната есен.

З.А.