ГЕВГЕЛИЈА

Атлетскиот клуб 7 Ноември од Гевгелија викендов организира виртуелна трка по повод празникот на општината. Поради ковид-19, оваа година учесниците сами си го избираа времето за старт и патеката по која ќе трчаат. Пријавувањето за учество на трката траеше до 3 ноември.
Виртуелната трка се одвиваше во две категории, трка на пет километри, на која можеа да учествуваат лица над 14 години, и трка на десет километри, на која можеа да учествуваат лица над 16 години. Се трчаше на територијата на општината Гевгелија. Сите што ја завршија трката добија медали.
За виртуелна трка се пријавија вкупно 117 учесници, од кои 65 трчаа пет километри, а 52 трчаа десет километри.