Под мотото „Да го вратиме нашето лично достоинство и достоинството на професијата“, приватните стоматолозите денеска излегоа на протест пред Министерството за здравство.
Бараат укинување на институтот матичен стоматолог, да се промени бројот на осигуреници, нов модел на финансирање и нов ценовник на стоматолошки услуги.
Предупредија дека се на работ на банкрот, а многумина од нив ставиле клуч на врата и останале на улица.
На денешниот протест од Здружениоето побараа средба со министерот за здравство, но оттаму не добиле одговор, а од ресорното министерство соопштија дека биле зафатени со работни обврски.