Фото: Игор Бансколиев/ илустрација

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за безбедност на патниот сообраќај утре (16.06.2023) ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците околу национална арена „Тодор Проески“ во Скопје, каде со почеток во 20.45 часот ќе се одигра меѓународен фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Украина.

-МВР апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај – велат од МВР.