Бугарскиот миниситер за надворешни работи, Николај Милков, на новинарско прашање дали смета дека треба да функционираат или да се затворат бугарските културни клубови во земјава со имињата „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“, рече оти се надева дека тие клубови ќе можат да функционираат нормално.
– Нивниот број се зголемува, и тоа е според мене е добар знак затоа што гледаат можност во овој тип на организација да ги истакнуваат своите интереси поврзани со нивната етничка идентификација и тоа што очекуваме од Северна Македонија е да биде обебедна нормална средина за функционирање на тие клубови и тие да функционираат во духот на разбирањето, да бидат мостови меѓу нашите две земји, да не бидат повод за дополнителни поделби и за говор на омраза, така што очекуваме да има реакција и од страна на Владата, така што треба да се постигне едно европско решение и европско функционирање на овој вид здруженија – оцени Милков.
Изјавите на бугарскиот пратеник и лидер на партијата Преродба Костадин Костадинов не ја одразуваат официјалната позиција на Бугарија, порача денеска од Скопје шефот на бугарската дипломатија Николај Милков, кој учествува на македонско-бугарскиот бизнис форум.
– Јас сум сосема категоричен дека Костадин Костадинов не ја изразува официјалната позиција на Република Бугарија и на нејзината Влада и мојот апел кон медиумите во Македонија е да не го концентрираат вниманието врз политичари коишто бараат такви крајни искази. Поважен е официјалниот став на Бугарија и многу ќе се радуваме ако вие го посочувате на граѓаните на Македонија тоа што го мисли мнозинството од бугарското општество и политичарите, а не некои луѓе што користат такви термини за да ги истакнат своите политички внатрешни цели – рече Милков на заедничката прес-конференција со Бујар Османи.
Костадин Костадинов, на отворањето на на Културно-информативниот центар на Бугарија во Скопје на 25 ноември, рече дека „Македонија е втора бугарска држава, односно треба да бидеме една држава, која ќе се протега од Црното Море до Охридското Езеро“.