Фото: Принтскрин

Пратениците на Левица предизвикаа инцидент во Собранието фрлајќи ги нивните предложени амандмани, како и предмети што се наоѓаат на масата на собранискиот спикер.

Листовите хартија беа расфрлани кон потпретседателот на парламентот Горан Мисовски, кој претседаваше со седницата, а беше турнат и мониторот пред него.

Пратениците од Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, претходно побараа да се прекине седницата, бидејќи дел од нивните амандмани што се однесуваат на собранискиот Деловник, не се архивирани. Згора, Апасиев сметаше дека фрлањето на 2.500 амандмани е без преседан.

Пратениците го усвоија дневниот ред во Собранието со 87 гласа „за“ и три гласа „против“.

Мисовски потоа даде пауза од половина час.