Делегација предводена од претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, во придружба на, Исен Шабани – градоначалник на општина Врапчишти и Илире Даути – пратеничка во собранието, беше примена од претседателот на Владата на Албанија, Еди Рама.
Од партијата информираа дека на средбата станало збор за уставните измени што се очекува да се случат во Македонија, со цел продолжување на европскиот пат.
– Таравари го запозна премиерот Рама за незадоволаството на АА за прогресот на владата во Скопје во завршувањето на регионалните инфраструктурни врски на транспортот, барајќи негов ангажман за календарско и финансиско консолириање во областа на културата со цел создавање на сенасенародни проекти во регионот, како и за создавање на Албанска дигитална библиотека – велат од партијата.
Претседателот на Алијансата на Албанците му честитал на премиерот Рама за лидерството што го покажала Албанија на меѓународно ниво како претседавач на ОБСЕ и како членка на Советот за безбедност на ОН, каде Тирана, како што велат, има одлучувачка улога во разни меѓународни резолуции против руската агресија врз Украина.
– На средбата беше изразена и безрезервната поддршка што Алијансата за Албанците ја дава на иницијативата на албанската држава во Парламентарното собрание на Советот на Европа, каде се бара ревизија на Резолуцијата 1782 од 2011 година. Делегацијата на АA му искажа благодарност на албанскиот премиер за незаменливата улога на Албанија во регионалната соработка, вклучително и примерната солидарност со Северна Македонија на заедничкиот пат кон Европската унија, каде што двете земји досега работеа во пакет – наведуваат од партијата на Таравари.
Таравари изразил уверување дека ова лидерство сега се потврдува со организацијата на Самитот ЕУ-Западен Балкан на 6 декември, историски настан за Тирана и за целиот регион, што ги прави горди како Албанци.