Денеска времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринските температури ќе се движат од 12 до 18 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 30 до 35 степени.
Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во Скопје се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност, а во делови од Скопската Котлина ќе има услови за развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде 18, а максималната ќе достигне 34 степени.
Промена на времето се очекува за време на викендот под влијание на циклонска активност. Ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.
Локално дождот ќе биде пороен и пообилен, со над 15 литри на квадратен метар, а ќе има и грмежи и засилен северен ветер со брзина над 40 километри на час.
Од сабота дневните температури ќе бидат во опаѓање. По викендот, до средината на следната седмица, се очекува релативно стабилно и посвежо време.


































