Фото: Маја Јаневска Илиева

Демократијата како и љубовта се учат, рече од собраниската говорница пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска-Давкова.

Мора, да има идеолошки политички лепак за да има коалицирање, посочи таа

– Кај нас не се знае кој го добил легитимитетот и кој за што одговара. Редок феномен е разрешување на министри во последната година од владеењето. Може само ако има голем корупциски скандал – рече Сиљановска-Давкова.

Таа смета дека новоизбраните и да се богови не можат ништо да направат за десет месеци. Побара од премиерот да каже што е правична застапеност во Владата, инаку ги мамат граѓаните кои гласале за нив.

– Се плашам дека Алијанса на албанците ќе се соочат со истата одисеја како оние од Атернатива. Не ги влече нив европејството, но се е можно во државата Дуистан. Мислам дека биле прагматични, иако велеа дека никогаш нема да влезат во партија со криминалци. Крајно некоректен е ваквиот однос на премиерот кон тројцата министри кои се разрешуваат. Се надевам оваа тажна приказна нема да ни се повтори – рече Сиљановска-Давкова.

Калевска Ванчева од СДСМ посочи дека говорот на Сиљановска бил теоретска анализа и ја праша кој е жртва, Алијансата или СДСМ?

На тоа, Сиљановска-Давкова и одговори, дека жртва е Македонија, народот и Европската унија.