Добро е што ВМРО-ДПМНЕ ја прифати подадената рака. Промената на ставот на ВМРО-ДПМНЕ со прифаќање на уставните измени и учество во широка Влада за европски интеграции е добра основа за продолжување на дијалогот, порача денеска од Богданци, генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски, на средба во рамки на караванот теренски активности, „Рамо до рамо, до победа“.
-Понудивме рака за обединување околу европската иднината на земјата и остварување на уште една стратешка цел, членство во ЕУ. СДСМ како одговорна, државотворна партија повторно покажа државнички капацитет и уште еднаш потврди дека иднината на граѓаните и интересот на државата се на прво место. Добро е што ВМРО-ДПМНЕ ја прифати оваа наша подадена рака. Промената на ставот на ВМРО-ДПМНЕ со прифаќање на уставните измени и учество во широка Влада за европски интеграции е добра основа за продолжување на дијалогот. Во овие историски и важни моменти за државата од исклучителна важност е да продолжиме заедно да работите во интерес на граѓаните и европската иднина на земјата – рече Зечевиќ.
Генералниот секретар потенцираше дека македонскиот јазик и македонскиот идентитет се целосно заштитени и сега треба да се искористи поддршката од стратешките партнери ЕУ и САД и да ја искористиме оваа историска шанса.
-Македонскиот јазик е заштитен во ЕУ исто како и македонскиот идентитет. Со национално единство можеме да го заокружиме овој процес, да ја обезбедиме европска иднина за сегашните и идните генерации заедно – додаде Зечевиќ.