Пред споменикот се собраа мала група граѓани, меѓу кои беа академикот Љупчо Коцарев, поранешниот јавен обвинител Ставре Џиков и поетот и публицист Кочо Топузовски, Присутните имаа куси излагања во кои потсетија на ликот и делото на претседателот на Крушевската Република, а потоа положија свежо цвеќе пред споменикот и му се поклонија на претседателот.

Одбележана годишнина од убиството на претседателот на Крушевската Република

Во саботата пред Споменикот на Никола Карев што се наоѓа пред Собранието на Република Македонија беше одбележана годишнината од убиството на првиот претседател на Крушевската Република. Пред споменикот се собраа мала група граѓани, меѓу кои беа академикот Љупчо Коцарев, поранешниот јавен обвинител Ставре Џиков и поетот и публицист Кочо Топузовски, Присутните имаа куси излагања во кои потсетија на ликот и делото на претседателот на Крушевската Република, а потоа положија свежо цвеќе пред споменикот и му се поклонија на претседателот.
Никола Карев е убиен на 27 април 1905 година во кочанското село Рајчани, во нерамноправна борба со многубројна османлиска војска. Посмртните останки на Карев, во 1953 година, по повод одбележувањето на 50-годишнината од Илинденското востание, биле пренесени во неговото родно Крушево, а на 11 април 1990 година тие биле пренесени во меморијалниот споменик Македониум.
Поетот Кочо Топузовски, роден крушевчанец, по тој повод читаше извадоци од неговата книга за Карев.