Павле Трајанов, претседател на Демократски сојуз / Фото: Демократски сојуз

Наместо Владата да го сокрива барањето од Советот на Европа за расчистување на Хашките предмети „Водство на ОНА”, „Липковско Езеро”, „Гробница Непроштено” и „Мавровски работници”, да предложи Собранието на Македонија да го суспендира автентичното толкување со кое Законот за амнестија (од 2002 година) ги опфати и овие четири хашки предмети, порача претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов.

– Согласно женевските конвенции, воените злосторства над цивилно население не застаруват, затоа Собранието има обврска да создаде правни претпоставки за да се истражат овие тешки кривични дела против цивили и да се утврди одговорноста на сите вклучени во извршувањето на овие злосторства. Почитувајќи го начелотo на презумпција на невиност, сите мора да се соочат со правдата и да понесат одговoрност. Судот мора да донесе одлука да ги отстрани од вршење јавни функции сите за кои има основани сомненија дека се актери на овие злосторства – бара Трајанов.

Целосно го поддржуваме ставот на Советот на Европа: Без цврсто осудување на злосторствата од минатото не може да се гради мирно демократско општество, се заклучува во партиското соопштение.