Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија Анџела Агелер на официјалниот фејсбук-профил на амбасадата упати порака до граѓаните да излезат на гласање и да гласаат за кандидат кој ги одразува нивните очекувања за иднината.
– Граѓаните и гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа тие гласачи мора да гласаат. Тие мора да излезат таму и да го изберат кандидатот што ги одразува нивните соништа за иднината, и ништо нема да се постигне со негласање – стои во пораката на Амбасадорка Агелер.
Во земјава утре ќе се одржи првиот круг од претседателските избори, на кои во трката за Вила Водно се седум кандидати. Вториот круг заедно со парламентарните избори ќе се одржи на 8 мај.