Џанг Ѕуо, амбасадор на НР Кина во Македонија
Се заокружува една година откако главен геополитички, европски и глобален предизвик претставува барањето решение за руско-украинскиот конфликт. Постојат ли реални основи за надеж дека овој оружен (воен) конфликт на европско тло може да биде надминат во брзо време?
– Неодамна Кина официјално го објави концептот за глобална безбедносна иницијатива, кој ги објаснува основните идеи и принципи на глобалната безбедносна иницијатива (ГСИ), ги идентификува приоритетите, платформите и механизмите на соработка и го покажува чувството на одговорност на Кина за заштита на светскиот мир и цврста решеност да се брани глобалната безбедност. Концепт-документот поставува 20 приоритети на соработка, сите високо ориентирани кон акција, и тие би можеле да се сумираат како поддршка на централната улога на ОН во безбедносното управување, промовирање координација и здрави интеракции меѓу големите земји, олеснување на мирното решавање на прашањата на жариштата преку дијалог, справување со традиционалните и нетрадиционални безбедносни предизвици и зајакнување на системот и капацитетот за глобално безбедносно управување.
Кина не е страна во украинската криза, но ние не седевме со скрстени раце, ниту долеавме масло на огнот и цврсто се спротивставуваме на секој потег за искористување на кризата. Кина цврсто стои на страната на дијалогот и мирот, останувајќи посветена на промовирање мировни разговори и играјќи конструктивна улога во украинската криза. Ние сме подготвени да работиме со Северна Македонија и со целата меѓународна заедница за да избегнеме ескалација на ситуацијата и упорно да се стремиме кон мир.
Како и сите страни, ние сме загрижени за проширувањето и одолжувањето на конфликтот. Како што кризата се одолжува, можеби инцидентите како експлозијата на гасоводот Северен тек ќе се случуваат одвреме-навреме, спор преку дијалог и, како што видовме, Русија и Украина одржаа доста рунди преговори и постигнаа важен напредок. Всушност, рамката за мировен договор веќе беше ставена на маса. Но, за жал, мировниот разговор престана и сѐ е вратено на првото место. Никој не знае што се крие зад тоа. Некои сили не сакаат мировните преговори да успеат или борбите да запрат. Тие не се грижат за животот и смртта на Украинците или за штетата направена на Европа, туку имаат на ум поголеми стратегиски пресметки.
Овој конфликт не треба да трае повеќе. Како што јасно вели претседателот Си, не може да има победник во конфликти или војни и нема лесни одговори за комплицираните прашања. Конфронтацијата меѓу големите земји мора да се избегне. Се надеваме дека европските пријатели трезвено ќе размислат за овие прашања: Какви напори се потребни за да се запре војната? Каква архитектура е потребна за да опстојат мирот и стабилноста во Европа? Каква улога треба да има Европа за да ја оствари својата стратегиска автономија? Колку е посложена ситуацијата, толку е поголема потребата да се остане смирен и рационален. Колку е подолго војувањето, толку помалку можеме да се откажеме од нашите напори за мир.
Македонија им е лојален сојузник и на НАТО и на ЕУ, усогласувајќи ја својата надворешна политика во однос на сите приоритетни предизвици и глобален план, особено во поддршката на Украина, како на Алијансата, така и на Унијата. Но што е потребно да се стори од другата, партнерска страна за Македонија да добие рамноправен третман во својот евроинтегративен процес? Имено, процесот реално да биде заснован на европските вредности и Копенхашките критериуми за проширување на Унијата, а не втемелен на задоволување на постојаните апетити на соседите Грција и Бугарија, поради кои Македонија направи и сѐ уште прави колосални отстапки (историски, јазични, идентитетски), не само на своја штета туку и на штета на меѓународното право?
– Претседателот Си Џинпинг на 20-от Национален конгрес на Комунистичката партија на Кина истакна дека универзалната желба и доминантниот тренд ќе ја навестат светлата иднина за човештвото. Светот влезе во нова фаза на турбуленции и трансформации. Земјите, големи или мали, силни или слаби, треба да го слушаат гласот на народот, да го следат трендот на времето, самостојно да истражуваат развоен пат што одговара на нивните национални услови и да ги држат својата иднина и судбина во свои раце. Северна Македонија, како важна членка на Европа, го започна преговарачкиот процес за пристапување во ЕУ. Народот е креатор на историјата, а масите се вистинските херои. Верувам дека народот на Северна Македонија ќе направи мудри и правилни избори за развојот на земјата и нацијата.
Дваесеттиот национален конгрес на Комунистичката партија на Кина подготви голем план за развој на модернизација во кинески стил во следните пет години, па дури и подолго. Модернизацијата и европската интеграција во кинески стил се избори направени од Кина и ЕУ, соодветно, со нивните погледи кон иднината. Кина очекува ЕУ да стане важен партнер за време на патот на модернизацијата во кинески стил, со придобивки од суперголемиот кинески пазар, споделување можности за институционално отворање и продлабочување на меѓународната соработка.
Комунистичката партија на Кина и кинеската влада се подготвени да комуницираат и да учат од другите земји во светот, вклучувајќи и од Северна Македонија, за да го разменат нашето искуство во модернизација, заеднички да го збогатат патот кон модернизација и подобро да бараат среќа за луѓето во земјата и луѓето од светот.
Кина ја поддржува стратегиската автономија на ЕУ, ги поддржува единството и просперитетот на ЕУ и ја поддржува ЕУ да игра поважна улога во меѓународните работи. Кина ја разбира и ја почитува визијата на Северна Македонија да се интегрира во ЕУ и забележа дека Северна Македонија го забрзува својот развој во согласност со стандардите на ЕУ. Во исто време, ја поддржуваме Северна Македонија и да ги искористи можностите на соработката меѓу Кина и Европа и соработката Кина-ЦИЕ за споделување на плодовите од заедничкиот развој и да продолжи да внесува нов поттик во соработката меѓу Кина и Северна Македонија.
На првата годишнина од кризата во Украина, Кина објави позициски документ за политичко решавање на кризата во Украина, во кој се наведува дека меѓународната заедница треба да создаде услови и да обезбеди платформа за продолжување н преговорите. Дали кинеската страна е подготвена да обезбеди платформа за руско-украинските мировни преговори? Можете ли да ни дадете воведни информации?
– Токму така, на првата годишнина од кризата во Украина, Кина ja објави „позицијата на Кина за политичкото решавање на украинската криза“. Овој документ за позиции ги повторува важните предлози на претседателот Си Џинпинг, вклучувајќи дванаесет аспекти, како што се почитување на суверенитетот на сите земји, напуштање на менталитетот на студената војна, прекин на непријателствата, продолжување на мировните преговори, решавање на хуманитарната криза, заштита на цивилите и воените затвореници (заробеници), одржување безбедни нуклеарни централи, намалување на стратегиските ризици, олеснување на извозот на жито, запирање еднострани санкции, одржување стабилни индустриски синџири на снабдување, промовирање постконфликтна реконструкција.
Секогаш сме се залагале дека треба да се охрабрат и да се поддржат сите напори што придонесуваат за мирно решавање на кризата. Кина е подготвена да работи со членовите на меѓународната заедница за да продолжи да игра конструктивна улога во наоѓањето политичко решение за кризата во Украина врз основа на позицијата на Кина за политичкото решавање на украинската криза.