Дали во Македонија демократијата е управување на народот, од народот и за народот или можеби обратно, власта (без разлика која и да е) управува со народот, ја занемарува и игнорира народната волја и спроведува политики што не се совпаѓаат во целост или воопшто не сесовпаѓаат со интересите на граѓаните и најшироката јавност? По повод 15 Септември, Меѓународниот ден на демократијата, издвојуваме н еколку интересни аналитички гледишта и аспекти за демократијата
За демократијата денес толку многу се зборува и толку многу е кажано што се чини дека главно сѐ е познато и апсолвирано. Но истовремено демократијата денес толку малку вистински и реално се применува во својата суштинска смисла на зборот, што има уште многу што да се каже и да се примени. Зошто она што Македонија, па и светот, го перципира и чувствува на своја кожа кога станува збор демократијата, според оцените на многуте домашни аналитичари, професори и интелектуалци, е само „глумење демократија, некаква квазидемократија, многу повеќе партократија, автократија и сѐ друго само не демократија“. Со други зборови, во Македонија поимот демократијата е злоупотребен синоним за политичка неодговорност од најтежок вид.
Има многу дефиниции за тоа што е демократија, чии корени датираат уште пред 2.500 години, во античките полиси.
Во практика, терминот демократија означува облик на владеење каде што сите државни одлуки се спроведуваат директно или индиректно од страна на мнозинството на граѓаните преку праведен изборен процес. Оксфордскиот речник, пак, ја дефинира демократијата како „систем во кој владеат сите луѓе, директно или преку претставници“. Според дефиницијата на Абрахам Линколн, „демократијата е управување на народот, од народот и за народот“. Но дали е така и во реалноста. Дали во Македонија демократијата е управување на народот, од народот и за народот или можеби обратно, власта (без разлика која и да е) управува со народот, ја занемарува и игнорира народната волја и спроведува политики што се спротивни на интересите на граѓаните. По повод 15 Септември, Меѓународниот ден на демократијата во продолжение издвојуваме неколку интересни аналитички гледишта и аспекти за демократијата.