Излезноста на седумте избирачки места каде денеска се прегласува за парламентарните избори до 15 часот е 34,87 проценти, соопшти Државната изборна комисија.
Од вкупно запишаните 4.514 гласачи гласале 1.574 гласачи. Во споредба со гласањето на 8 мај, на ова прегласување се забележува зголемена излезеност за 1,21 проценти на овие избирачки места.
Најголема излезност има на избирачкото место во Желино каде гласале 428 гласачи односно 43,1 проценти, а најмала е излезноста во Крушево на избирачкото место 1202 каде до 15 часот гласале 67 гласачи односно 22,48 проценти.
– Во ИМ 2101 во Желино гласале 428 гласачи, односно 43,1 проценти. Во ИМ 1194 во Крушево гласале 197 гласачи, односно 42 проценти. Во ИМ 1202 во Крушево гласале 67 гласачи, односно 22,48 проценти. Во ИМ 1272 во Охрид гласале 226 гласачи, односно 31,79 проценти. Во ИМ 1470 во Долнени гласале 173 гласачи, односно 26,29 проценти. Во ИМ 1470/1 во Долнени гласале 184 гласачи, односно 29,11 проценти. Во ИМ 1844 во Струга гласале 299 гласачи, односно 39,71 проценти, информираат од ДИК.