Францускиот предлог за одблокирање на бугарското вето е катастрофа за проширувањето, смета експертот за Балакнот, Флоријан Бибер. Тој на Твитер објави дека иако изгледа добро да се стави крај на бугарското вето, со тоа се постигнува малку и одлуката носи големи опасности.
The French proposal for unlocking the Bulgarian blockade is a disaster for enlargement. While it looks good to end the 🇧🇬 veto, it achieves little and holds great dangers:
— Florian Bieber (@fbieber) July 6, 2022
Бибер во неколку точки го образложи неговото размислување.
1. Го вклучува билатералниот спор во преговарачкиот процес на ЕУ, давајќи им легитимитет и охрабрување на идните членки на ЕУ кои ги блокираат земјите членки,
2. Значително се приближува до бугарските барања отколку позицијата на Македонците, па затоа е неурамнотежен.
3. Во суштина ја прифаќа националистичката логика на бугарската влада и сугерира дека постои прашање за дискриминација на Бугарите во Северна Македонија.
4. Игнорира дека проблемот е (делумно) создаден од ЕУ. Десет илјади македонски граѓани добија бугарски пасоши бидејќи се ЕУ пасоши, не затоа што се бугарски. Граѓаните и нивните барања да бидат граѓани на ЕУ (да работат) се злоупотребени од Бугарија за да тврди дека се „етнички“ Бугари.
5. Ги билатеризира и дискредитира механизмите за вистинските малцински права.
6. Нема да има доволно поддршка во Северна Македонија и нератификувањето на договорот ќе се толкува како неуспех во Северна Македонија, а не како неуспех на бугарските националистички барања.
– Наместо лесен излез, францускиот предлог дополнително ќе го наруши угледот на ЕУ и ќе го закопа процесот на проширување – заклучува Бибер.