Фото: Маја Јаневска-Илиева

Откако граѓаните конечно ја дочекаа евтината тарифа на струјата, не стигнаа ниту да ѝ се израдуваат, бидејќи пристигна уште една, овој пат разочарувачка вест поврзана со цената на струјата. Имено, според информациите, ЕСМ (на тендерот на универзалниот снабдувач „ЕВН хоме“) понудила 57 евра за мегават-час. Тоа е цената по која државните електроцентрали ќе ја продаваат својата електрична енергија во следните шест месеци за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.
Цената е за 7,5 проценти повисока од сегашната, која изнесува 53 евра. Освен што понуди поскапа струја, ЕСМ до „ЕВН хоме“ нема да испорача ниту 100 проценти од потребното количество, туку 95 отсто. Овие бројки се важни бидејќи од цената на ЕСМ најмногу зависи какви сметки ќе плаќаат граѓаните во 2024 година

Од вчера и официјално во земјава се врати
долгоочекуваната евтина тарифа на електричната енергија за домаќинствата

Повеќе од една година како граѓаните плаќаат поскапа струја и прекуден немаат евтина тарифа, што се одрази на зголемување на давачките и на семејниот буџет. По низа најавувања, пак, од вчера и официјално се врати дневната евтина тарифа на струјата. Но и таа вест беше засенета со информацијата дека на стартот на враќањето на евтината тарифа, ЕСМ му понуди на „ЕВН хоме“ (кој на граѓаните им ги наплатува сметките за потрошена струја) за 7,5 отсто поскапа струја за домаќинствата за наредниот период.

Долгоочекувана евтина
тарифа на електричната енергија за домаќинствата: Ќе се одрази ли поволно на домашниот буџет?

Од вчера и официјално во земјава се врати долгоочекуваната евтина тарифа на електричната енергија за домаќинствата.
Според официјалното соопштение, Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе тарифен систем за продажба на електрична енергија на потрошувачите што ги снабдува универзалниот снабдувач и снабдувачот во краен случај со кој се утврдува дека евтината дневна тарифа стартува од 1 декември 2023 година, во периодот од 13 до 15 часот. Со воведувањето на дневната евтина тарифа домаќинствата ќе имаат на располагање вкупно 11 часа евтина електрична енергија во текот на едно деноноќие од понеделник до сабота и 24 часа во денот недела.
РКЕ по направените анализи оцени дека се создадени услови домаќинствата да користат дополнителни часови во кои надоместокот за потрошената електрична енергија ќе се пресметува по евтина тарифа.
Колку за потсетување, Регулаторната комисија за енергетика ја укина евтината дневна тарифа за домаќинствата во декември 2021 година. Тогаш како причина беше наведена високата цена на електричната енергија на берзите, особено во текот на денот.

Граѓаните не го кријат задоволството од оваа мерка. Велат дека конечно ќе можат и прекуден колку-толку да заштедат, барем оние што седат дома, бидејќи оние што одат на работа нема да видат многу добивка од новата мерка.
– Ние нема да имаме никаква корист од евтината струја, бидејќи е во време кога ние сме на работа, а децата ни се на училиште. Сепак, нашите родители, кои се пензионери, ќе успеат колку-толку да заштедат, бидејќи во тој период ќе перат, ќе прават ручек, па ќе ја намалат сметката – вели Верица Димовска, жителка на Скопје.
Иако броилата сѐ уште не се сетирани, од ЕВН информираа дека граѓаните што имаат дигитални броила сами ќе можат да проверат дали навистина трошат струја од евтината тарифа.
– На ЛЦД-екранот на броилата се појавува ознака Т1 (за висока тарифа) и Т2 (за ниска тарифа), што значи дека во зависност од периодот на денот се појавуваат и се активни соодветните ознаки на екранот. Имено, корисникот може да препознае дали му е сетирано броилото на евтина тарифа од 13 до 15 ч. по 1 декември доколку му се појави соодветната ознака за евтина тарифа во наведениот временски период – велат од ЕВН.
Досега, според информациите, се сетирани 170 илјади броила, што значи нивните корисници први ќе можат да користат евтина струја. Регулаторите веќе најавија дека до крајот на месецот сите 650 илјади броила во државата ќе бидат нагодени од страна на вработените на ЕВН за новата дневна евтина тарифа на електричната енергија.

ЕСМ понуди 57 евра за мегават-час (наместо досегашните 53 евра), како и испорака на 95 наместо 100 отсто електрична енергија

Откако граѓаните конечно ја дочекаа евтината тарифа на струјата, не стигнаа ниту да ѝ се израдуваат, бидејќи пристигна уште една, овој пат разочарувачка вест поврзана со цената на струјата.
Имено, според информациите, ЕСМ (на тендерот на универзалниот снабдувач „ЕВН хоме“) понудила 57 евра за мегават-час. Тоа е цената по која државните електроцентрали ќе ја продаваат својата електрична енергија во следните шест месеци за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.
Цената е за 7,5 проценти повисока од сегашната, која изнесува 53 евра. ЕСМ освен што понуди поскапа струја до „ЕВН хоме“, нема да испорача ниту 100 проценти од потребното количество, туку 95 отсто. Овие бројки се важни, бидејќи од цената на ЕСМ најмногу зависи какви сметки ќе плаќаат граѓаните следната година.
Дополнително, за покривање на преостанатите 5 отсто од вкупно планираните количества, „ЕВН хоме“ соопшти дека добиле две понуди, и тоа од АД ЕСМ, по купопродажна цена на електричната енергија од 120,01 евра за мегават-час, и од компанијата „Соле24“ ДООЕЛ, по цена од 130 евра за мегават-час. Компанијата донела одлука да не прифати ниту една од пристигнатите понуди за овие количества, за да го ограничи влијанието на крајната цена на електричната енергија.
Од „ЕВН хоме“ додаваат дека ќе се направат напори, во зависност од техничките и временските услови, овие количества да се набават преку МЕМО по поповолни услови во согласност со моменталната состојба, само доколку тоа е неопходно.
Важноста на овие две понуди е во фактот дека тоа се двата главни од петте параметри според кои се пресметува новата цена на струјата.
На ова треба да се додаде дека во иднина новата цена наместо регулаторите, ќе ја пресметува „ЕВН хоме“, но пред да ја соопшти, за неа ќе треба да добие дозвола од Регулаторната комисија.
Граѓаните ќе ја дознаат новата цена до крајот на годината и таа треба да важи од јануари 2024 година.