Фото: Макфакс

Политичката партија од албанскиот блок БЕСА не поддржува модел со една, туку со три изборни единици. Ова го истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски по средбата со пратениците од БЕСА.

– Со колегите пратеници од БЕСА сме на заеднички став дека треба да има измени во изборниот модел со тоа што разликите се во бројот на изборни единици. ВМРО-ДПМНЕ смета дека би било подобро да биде една изборна единица, додека ставот на Беса е за три изборни единици – изјави Милошоски.