Усвоена заедничка декларација на Алијансата
НАТО ќе остане силно посветено на безбедноста и стабилноста на Западен Балкан, регион што е „од стратегиско значење за Северноатлантската алијанса“, се наведува во заедничката декларација усвоена на самитот на НАТО во Вашингтон.
– Ќе продолжиме да ги подобруваме политичкиот дијалог и практичната соработка со Западен Балкан, со цел да ги поддржиме реформите, регионалниот мир и безбедност и да се спротивставиме на малигните влијанија, вклучувајќи дезинформации, хибридни и сајбер-закани, претставени од државни и недржавни актери – стои во декларацијата.
Во декларацијата, исто така, се посочува дека НАТО останува посветено на континуиран ангажман на Западен Балкан, вклучувајќи и преку КФОР. Се очекува и континуиран напредок во однос на демократските вредности, владеењето на правото, домашните реформи и добрососедските односи, за кои се нагласува дека се од витално значење за регионалната соработка и евроатлантските интеграции. П.Р.