Од радикалниот ислам (денес наречен џихадизам) најмногу страдаат муслиманите. Немири има секој ден во Германија, Франција, Белгија, Австрија и во
Америка. Во Америка е права интифада – запоседнати се речиси сите универзитети. Медиумите молчат…
Рековме дека Израел од информациски аспект е бесконечност на бајтови. Потоа за постанокот на ционизмот, кој почнува од Кромвел, преку лажниот пророк Шабитај Цви и вистинскиот пророк Натан од Газа (погребен во Скопје). Подоцна пратил Евреи, пуританци и евангелисти во Америка за да создадат повисока цивилизација. Кабала постоела во Ерусалим, Цват, Хеброн и во Тибериас. Дури во 19 век е еврејскиот ционизам. Со Сајкс-Пиковиот договор од 1916 год., меѓу службите на Британија, Франција, Русија и на Италија, ја поделиле територијата. Израелската територија ја „администрирала“ Британија по Првата светска војна. Тоа го нарекле „Британски мандат за Палестина“. Британските служби ја формирале Саудиска Арабија (со еврејско-исламскиот трговец Ибн-Сауд и агентот Лоренс од Арабија), создавајќи арапска нација и сектата Вахаби. Потоа – палестинскиот мандат и протекторатот Египет – со династијата на Мухамед Али. Египет станал република со Гамал Абдал Насер, прв претседател, инаку некогашен Абвер агент (на Ромел), потоа британски и на крај советски. По него е Анвар ел Садат (исто агент германско-британско-американски, кој прво војуваше со Израел, а потоа склучи мир). Мубарак беше проамерикански агент и претседател, соборен и заменет од „Муслиманските браќа“ (крајно џихадистичка и антисемитска организација создадена од Ал Бана и Ел Хусеини), поврзана со Клинтонови, но со воен удар дојде Ал Сиси (сегашниот претседател), помогнат од ЦИА и Мосад. Египет, Емиратите и Катар имаат формално пријателски односи со Израел.
Британските разузнавачи создале и скарале државички на Средниот Исток кон крајот на 19 век и почетокот на 20 век. По Втората светска, играчи се САД. Во сегашната игра влегоа Русија, Југославија („неврзани“) и Кина – сега „помагачи“ на Сирија и Иран. Франција ги држела Либан, магрепските земји и некои во Африка, но ги губи, поради што е во криза. Хомеини е нејзин производ. Погледнете ја картата на Средоземјето. Некогашната Римска Империја ја делиме на јужен, северен и источен дел. Денес, јужниот и источниот дел се зафатени од исламски држави, а северниот од христијански
Палестинците се вештачки ентитет и велат дека се „Филистејци“ (антички народ), но се од локалните Арапи и муслимани, кои Отоманите ги населувале на тој простор. Истовремено доселувале и Евреи, кои дошле во конфликт, но тие дошле во конфликт и со Британците, бидејќи тие ги бранеле интересите на своите „чеда“ Саудиска Арабија, Египет, Сирија, Ирак, Емирати, Кувајт и Катар. Борбени еврејски организации на Зеев Жаботински, Трумпелдор се „Иргун“ и „Цион Мал Корпс“, а после дошол Менахем Бегин („Иргун“, а подоцна партијата Ликуд). Накратко, британските разузнавачи создале и скарале државички на Средниот Исток кон крајот на 19 век и почетокот на 20 век. По Втората светска, играчи се САД. Во сегашната игра влегоа Русија, Југославија („неврзани“) и Кина – сега „помагачи“ на Сирија и Иран. Франција ги држела Либан, магрепските земји и некои во Африка, но ги губи, поради што е во криза. Хомеини е нејзин производ.
Погледнете ја картата на Средоземјето. Некогашната Римска Империја ја делиме на јужен, северен и источен дел. Денес, јужниот и источниот дел се зафатени од исламски држави, а северниот од христијански. Тоа потсеќа на „јин-јанг“ шемата, но само со една точка – Израел. Значи – Израел е црно-бела и бело-црна точка истовремено. Втора точка мислевме дека ќе биде Македонија, според идејата на проф. Љубомир Гајдов, „Македонија да биде како Сингапур“. Тоа го потврдија најголеми експерти од САД (МИТ), но не ја остваривме поради негативизмот на тогашната влада на Љубчо Георгиевски (знаеме зошто). Значи јужниот и источниот брег се исламски, плус подлабоко во Азија и Африка. Денес, исламисти (Арапи, Турци, Бербери, Курди, Пакистанци, исламски Индуси) се селат масовно во Европа и Америка. Во Франција се 10 отсто (Париз 20 отсто), Русија 11, Белгија 7 (Брисел 25-30), Албанија 59, Босна 51, Израел 18, Црна Гора 20, Бугарија 12, Шведска 7, Британија 6, Германија 5,5, Италија 5, Грција 2,9, Канада 5 отсто итн. Исламот сам по себе е убава религија, но радикализацијата, која е очигледна, е голем проблем – за себе и за другите. Од радикалниот ислам (денес наречен џихадизам) најмногу страдаат муслиманите. Немири има секој ден во Германија, Франција, Белгија, Австрија и во Америка. Во Америка е права интифада – запоседнати се речиси сите универзитети. Медиумите молчат. Ни да писнат ни да стиснат. Исто е во Русија, а светот е „западна Русија“. Експерти велат дека доаѓа балканизација на светот – „секој против секого“. Да, во Америка џихад ќе јурне од Канада надолу. Демократијата умира. Бог се карикира. Во САД предизборна сервилност кон џихадот базди (ала кичмата на Заев). Муслиманските мафии (албанска, пакистанска, босанска, турска) ги кокаинизираат и хероинизираат своите и другите. Во Израел од 2022 рапидно се зголемуваат шверцизација, мафизација и дрогизација. Бидејќи Израел ја имитира Америка, сексо-перверзо-парафилијаза се навлекува низ голема врата и покрај длабокиот „еврејски фундаментализам“ – сега на власт. Тунис и Мароко како нешто „подемократски“ земји (уште од Бургиба) се презрени од другите. Либија, Ирак и Сирија се каша-попара, а во Египет, Емиратите и Катар е фундаментализам, но мирно. Евреите се тотално избркани од сите исламски земји за што ни збор, ама ни збор ни-буква во медиумите – од Египет се избркани 100 илјади, слично од Иран и Сирија, тотално избркани од Либан, Јордан, Јемен и Саудиска Арабија. Колку се убиени? – не смее да се зуцне – ни пис – ни врис, на запад и на исток. Само се вергла колку Израел има утепано (од мене Бог да ги прости). Се даваат само податоци од Хамас! Хезболах и Хамас се „светиот дух“ во светот“. Оро играат Заево-кичмари за да ги „палат“ џихадопанкерите. Христијански земји што признаваат палестинска држава (со масовно оружје и Ерусалим) – се откажале од Исус и Ерусалим.
Археологијата е многу важна. Интегрира предисторија (на пр. Кармел), Библија (насекаде), Ерусалим (сите религии во стариот град), исламот (Ал Акса,
Омаровата џамија), христијанството (кај реката Јордан, околу Галилејско Езеро, Ерусалим, свитоци од Кумран итн.). Црквата „Св. Елизабета“ има свитоци
со текстови на старословенски, но и на македонски од 11 до 12 век (проф. Израел Алтбауер). Старецот чичко Благоја, Македонец, веќе 20 години живее
пустински, испоснички, пештерски живот, сам, и се моли за Македонија
Во текот на Студената војна имаше две точки за воено-технички развој – Чехословачка за Истокот и Израел за Западот. Најсилни фирми во Израел се „Чек поинт“ (софтвер), „Тева“ (фармација), Банк леуми, „Мобилије“ (автомобилски делови), Банк хапоалим, НИЦЕ (вештачка интелигенција), „Нетафим“ (систем капка по капка), ИАИ (воздушен простор), „Елбит“ (одбрана), „Рафаел“ (одбрана), филијалите на „Интел“, „Моторола“, „Тауер семикондактор“ итн. По семикондукторска индустрија, Израел е рангиран на второ место во светот по САД, со 8 отсто од квалификуваниот кадар од вкупниот светски. Потфатното инвестирање (venture capital) е на високо ниво, дури неколкупати поголемо по жител од САД. Иновативната компанија кога стекнува реноме се продава и се инвестира во нова. Кина, која планира да биде прва во светот по производство во 2025 година, инвестира многу во Израел, најмногу за семикондуктори (чипови) и воена опрема (дронови, автоматско оружје, сензори итн.). Медицината е авансирана, со модерни болници водечки во областа на канцерот, кардиологијата, дијабетесот, кардиохрургијата и истражувањата.
Муслиманите во светот велат дека следат хадит и суна (акција и збор). Во Југоисточна Азија тоа е над 70-85 отсто, а кај Арапите тоа е под 50 отсто. До скоро, сите беа против Израел, со висок степен и на антисемитизам, иако најдобро живеат во Израел. При формирањето на Израел, многу Арапи избегаа кон други арапски земји. Таму не ги вклопија во себе, стуткани во мизерни кампови, се намножија енормно. Од нив се денешните Палестинци. Сега не ги примаат ни Арапите ни Европа. Хамас е формиран во осумдесеттите години од ЦИА и Мосад за да се бори против ПЛО на Јасер Арафат, а со тоа си дадоа „автогол“ исто како муџахедините, талибанците и Ал каеда од американските служби, а и ние во Југославија. Премиерот генерал Ицак Рабин се обиде да направи мир и регионален комонвелт, но за тоа беше убиен од неговите служби (со налог од западните). Тоа е крај на мирот до недоглед. Сум помислил дека ако исламот направи мали реформи, со парадигми кон индустрија и напредок, како „Јапонското чудо“ од самураите и Зен – може да направи „бум“ и огромен прогрес во светот. Но изгледа – тоа е утопија. Иран сега се заканува со одмазда поради неколку атентати, но мислам дека има заткулисни игри на триаголникот Русија-Иран-САД – „рационален покер“, без губитници. Нашиов (Нетанјаху) бркаше муви и една застана врз тигар. Помисли дека е бунда на жена му и мавна. Одеднаш – тигар пред него. Сателитите Хезболах и Хути ќе продолжат со трупање оружје и гаѓање, а Арапите и понатаму ќе урлаат и горат. Нови терористи мора да се појават. Сѐ е бизнис, ужас, вртоглаво променливо.
Кибуците (социјалистички-егалитарни комуни, земјоделско-воено и верски) (хереди ортодоксни, хереди сефардски, Хабад – повеќе во градови и секуларни – социјалисти-комунисти – по границите и внатре) се формирани пред Израел. Имало и македонски кибуци. Кибуците го издигнаа Израел од пустина. Како? – Со работа – работа – работа… земјоделство – фабрики – банки. Постои тотална еднаквост. Има секуларни, цивилни, воени и религиозни. Ако некогаш на Марс отидат луѓе – првата населба ќе биде кибуц. Либерал-капитализмот и бомбардирањата ги уништуваат кибуците. Разузнавачките служби се формирани уште во 1948 година, по углед на британските. Главни се Мосад (разузнавање), Шин Бет (контраразузнавање), Аман (воена), ХИАС (имиграција), Јунит 8200 (кибернетска војна), Лекем (за нуклеарна војна, расформирана) и специјални единици. Секој премиер на Израел некогаш бил разузнавач. Мосад е најголема. Поврзана е со САД, а по тајни канали и со Арапите, Иран, Африка, европските служби, Турција, Бугарија, дури и со Путин и олигарсите.
Учествуваше во гонење нацисти, терористи, надворешна шпионажа, релации со армии, акции во Африка и Азија, финансиска шпионажа, субверзии, биолошко-нуклеарна шпионажа, „stay behind“, следење, сајбер-војна, размена на информации и воено-оперативни дејствија. Со ЦИА го донесоа Р.Т. Ердоган на власт, а тој е најгласен против Израел. Стојат силно зад Нетанјаху (односи со Русија). Обуката е страшно ригорозна, дури и морбидна. Приватизација на агенциите денес е опасна, бидејќи за пари работат за Арапи, Русија, Балканот, Турција, Азија и се мешаат во бизниси, избори итн.
Археологијата, ја споменавме, е многу важна. Интегрира предисторија (на пр. Кармел), Библија (насекаде), Ерусалим (сите религии во стариот град), исламот (Ал Акса, Омаровата џамија), христијанството (кај реката Јордан, околу Галилејско Езеро, Ерусалим, свитоци од Кумран итн.). Црквата „Св. Елизабета“ има свитоци со текстови на старословенски, но и на македонски од 11 до 12 век (проф. Израел Алтбауер). Старецот чичко Благоја, Македонец, веќе 20 години живее пустински, испоснички, пештерски живот, сам, и се моли за Македонија.
Д-р Самуел Колономос Садикарио, професор во пензија