Американската амбасада во Скопје информира дека во соработка со Општина Карпош учествувала во чистење на паркот плоштад во населбата Бардовци, како и во отстранување антисемитски графити од ѕидовите на локална зграда.
Над десетина члена на амбасадата, меѓу кои и американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер, активно се приклучиле на иницијативата од вработен во амбасадата, за да се создаде средина ослободена од нетрпеливост и омраза.