Актуелниот градоначалник на општина Илинден, Жика Стојановски, информира дека неговата кандидатура за локалните избори во октомври е потврдена, откако потребните потписи биле собрани за неколку часа во канцеларијата на Државната изборна комисија. Тој ќе се обиде да освои нов мандат како независен кандидат.

– По исклучителните резултати што ја прават општина Илинден една од најуспешните на национално ниво во однос на одржливиот економски раст и развој, подготвен сум да продолжам со работа – соопшти Стојановски, додавајќи дека со кандидатурата следува листа на кандидати за членови на општинскиот Совет.

Целиме кон подобар живот и среќни луѓе, соопшти попладнево Стојановски.