Фото: Принтскрин

Запрашана за барањето на ВМРО-ДПМНЕ за брзи, предвремени, парламентарни избори, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција изјави дека сега не е време за избори, туку, како што кажа, време е за одговорност.
„Мицкоски треба да излезе пред граѓаните да им се извини и да даде оставка. Криење зад брзи избори навистина нема смисла пред граѓаните после толку кажани лаги. Сега е време за одговорност бидејќи сме соочени пред многу предизвици како што е енергетската криза, живеачката на граѓаните, пандемијата, продолжување на патот кон ЕУ и токму затоа време е за одговорност и не е време за брзи и предвремени избори“, нагласи Кузеска.

Претходно, таа посочи дека Мицкоски, како што рече, го лажел народот дека има ново мнозинство, дека има 61 глас за недоверба на Владата.

„За пуста власт, по секоја цена, седна на маса со оние што се против НАТО, против ЕУ, против Преспа, против добрососедските односи, против Рамковниот договор. Без какви било приниципи, посакуваше дестабилизација, криза, враќање назад, рушење на постигнатото во однос на стратешките интереси на земјата. Треба да се засрами, да се извини и да понесе одговорност“, рече портпаролката на СДСМ.