Фото: Игор Бансколиев

Државната изборна комисија информира дека утре ќе биде потпишан Кодексот за фер и демократски избори, од страна подносителите на листи за предвремените избори за пратеници што ќе се одржат на 15 јули.

По потпишувањето на Кодексот, ќе биде извршена ждребка за определување на билбордите за политичко рекламирање.

Потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори е обврска која произлегува од член 8-в од Изборниот законик.