Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, имаше телефонски разговор со заменикот помошник-државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер, при што разговараше за актуелните политички и општествени случувања во земјата, како и исполнувањето на стратешките приоритети.

Во разговорот беа потврдени стратешкото пријателство со САД и посветеноста во исполнување на агендата поврзана со НАТО и исполнување на потребните демократски вредности.

Од страна на претседателот Мицкоски беше истакната потребата за почитување на принципите за владеење на правото и правната држава, како и неопходноста од реформи, кои ќе значат одлучна борба против криминалот и корупцијата.

Воедно, беше истакната потребата од дијалог на највисоко ниво за клучните прашања важни за граѓаните и заедничкиот напредок.

Во разговорот од страна на Мицкоски беше посочено дека потребни се квалитетни решенија за престојниот попис на населението, како и конечен договор со источниот сосед, кој нема да опфати какви било национални и идентитетски отстапки, нашиот источен сосед ќе поддржи одржување меѓувладина конференција, без дополнителни условувања, а билатералните прашања да се решаваат надвор од процесот на интеграција на Македонија во ЕУ.