Алтернатива го одби предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој бара лидерот на Алтернатива Африм Гаши да биде мандатар за состав на нова Влада, наместо новиот лидер на СДСМ Димитар Ковечевски. За Алтернатива овој предлог е неприфатлив затоа што партијата е дел од еден друг процес.

-Му благодариме на господинот Мицкоски за изразената почит кон претседателот Африм Гаши, но Алтернатива моментално е во еден процес кој е во тек и се уште не е завршен. Во овој период немаме причина и не можеме да зборуваме за ништо друго- изјавија од Алтернатива за новинската агенција МИА.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска на прес-конференција изјави дека на ДУИ и Али Ахмети им предлага преку најмалку 61 пратенички потпис да ја поддржат идејата лидерот на Алтернатива Африм Гаши да биде мандатар за состав на нова Влада, наместо новиот лидер на СДСМ Димитар Ковечевски.

Тој ја повика и опозицијата на Албанците да го поддржи ваквиот предлог за премиер Албанец. Алијанса за Албанците со брза реакција најави дека ќе даде поддршка за евентуалниот ваков предлог.

Мицкоски предлага Гаши наместо Ковачевски да биде иден мандатар