Претседателот на БЕСА, Билал Касами, дојде во Собранието откако неговиот пратеник Кастриот Реџепи се откажа од гласање на недоверба на Влада.

– Не сум изненаден – рече Касами и влезе во Собранието.

Тој не одговори дали ќе има мнозинство за гласање на недоверба на Влада, туку кажа дека изјава ќе даде за половина час.


 БЕСА ја продолжува војната

Арјанит Хоџа од БЕСА преку Фејсбук објави дека пратеникот Кастриот Реџепи, ќе одговара за своите постапки, откако денеска не се појави во Собранието за да гласа за недоверба на Владата. Според Хоџа, врвот на опасноста од демократијата се достигнува кога преку недемократски форми дури и слободното изразување на волјата е невозможно за пратениците.

– Закани, уцени или други форми на влијание се показател за инсталирање режим кој е ставен над волјата на народот. И покрај сѐ, Движењето Беса ја продолжува војната. Одиме по нашиот свет пат за да го победиме УГНЕТУВАЊЕТО! Секој поединечно ќе одговара за своите постапки, додека Движењето БЕСА продолжува со политичкото патување. Соработката со опозициската АА-ААА ќе продолжи до последното соборување на овој режим – пишува Хоџа.