Фото: Архива

Премиерот Димитар Ковачевски во чест на големиот христијански празник, Рождество Христово – Божиќ, во име на Владата и во свое име, упати телеграма со честитки до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, до Светиот архиерејски синод, свештенството и монаштвото и до сите граѓани кои денеска празнуваат.

„Раѓањето Христово – Божиќ, секоја нова година, симболизира нов почеток и со тоа отвора нова можност, поискусни, помудри и со чисти мисли да пристапиме кон нови добри дела, што носат добро за сите. Само солидарни, истрајни во вербата и со храбри чекори напред, како што покажува и Христовото дело, можеме да го постигнеме посакуваниот спокој и да осигуриме просперитет.

Божјата светлина нека засвети во сечие срце. Нека поттикне љубов, почит, грижа и разбирање дека на секој човек му се дадени овие универзални вредности, преку коишто може, треба и има лична одговорност да учествува во создавањето перспективен свет за сегашните и иднинте генерации.

Овој празник нека ги осветли со надеж и со радост сите домови.

Посакувам празничните денови да ги поминеме во добро здравје, меѓу саканите, во мир и благослов.

Христост се роди! Честит Божиќ!“, напиша премиерот Ковачевски во телеграмата до поглаварот на МПЦ-ОА, г.г.Стефан, информираат од владината прес-служба.


Мицкоски упати желби за успеси, здравје и среќа

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите православни Христијани им го честита големиот празник Рожденство Христово – Божиќ со желби за успеси здравје и среќа.

Раѓањето на синот Божји ја симболизира надежта за подобро утре, мирот и спасението на човековиот род кој тој со себе ги донесе на овој свет.

Токму празничните божиќни мигови нека ги исполнат домовите на верниците со божјата светост и радост за веста за раѓањето на Спасителот. Срцата нека се исполнат со топлината и нека се пренесе гласот дека Богомладенецот Христос е роден.

Благословот Господов нека е над сите нас, да се насочиме кон добрите дела и хуманоста бидејќи тие се смислата на човекољубието и нашата христова вера, љубовта кон ближните и надежта за спасението.

Во празнични денови да си споменеме и за сите оние кои страдаат поради растечката немаштија и да им пружиме рака, да направиме богоугоден гест и да им помогнеме. Луѓето кои живеат до нас, нашите соседи, без оглед на разликите се наши браќа и треба да си бидеме потпора во овие тешки времиња.

Така ќе се сплотиме и ќе застанеме рамо до рамо против предизвиците на новото време кои го ништат нашето општество и кои ја загрозуваат нашата татковина Македонија.

Криминалот и корупцијата се злото на ова доба, и тоа бара обединување и заедничка борба. Злото се поразува со добро, а народот во Македонија секогаш знаел да ја одбере страната на доброто и да биде на страната на победниците.

Така било во минатото и така ќе биде додека векот векува. Нека е честит и вековит празникот Божик. Нека е вечна Македонија. Христос се роди! Навистина се роди!, се вели во честитката од Мицкоски, по повод празникот Рожденство Христово – Божиќ, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.


Џафери: Нека празникот ги грее срцата со човештво, солидарност, взаемна почит и разбирање меѓу сите граѓани

Претседателот на Собранието Талат Џафери на сите припадници на православната вероисповед, упатува искрени честитки по повод големиот христијански празник, Христовото раѓање – Божиќ, со желби празникот повторно да ги собере околу себе семејствата, пријателите, соседите и познаниците за дружење, споделување среќни мигови и заедничка трпеза.

– Нека празникот, со сето свое волшепство рефлектира топлина во овие зимски денови, нека ги грее срцата со човештво, солидарност, взаемна почит и разбирање меѓу сите граѓани, и меѓу оние што го слават овој голем празник, и меѓу оние што изразуваат почит кон него. Важно е да се споделува благородна мисла, убава желба и топла прегратка – вели Џафери во честитката за Божиќ.

Сите, нагласува Џафери, имаме потреба од зборови на поддршка кои даваат мир и спокој во душата и домовите, кои даваат надеж и верба во подобро утре и кои влеваат оптимизам дека новата година ќе донесе убави и позитивни вести за нашата земја.

– Да се сплотиме, да бидеме креатори на сигурната иднина за нашата младина, за нашата земја! Предизвиците кои стојат пред нас можеме да ги надминеме само заедно и единствени, со јасна цел пред себе. Само тогаш е гарантиран успехот и постигнувањето на зацртаните определби, на успешна, напредна и европска Република Северна Македонија! Бидете живи, здрави и спокојни! Среќни Божиќни празници – се вели во честитката за Божиќ од претседателот на Собранието.


Пендаровски: Годинава Божиќ се празнува во време на голема неизвесност, страв и човечки страдања

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ, вчера упати честитка до сите граѓани кои го прославуваат денот на Христовото раѓање, до архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прима, господин господин Стефан и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев.

„Почитувани сограѓани,

Дозволете ми да ви го честитам големиот христијански празник Рождество Христово со поздравот – Христос се роди!

Годинава Божиќ се празнува во време на голема неизвесност, страв и човечки страдања предизвикани од војни, bи и социјални неправди. Предизвиците не ги одминуваат ниту македонските граѓани, особено најранливите меѓу нас. Како заедница на верните, Црквата е повикана активно да учествува во обновата на надежта. Со солидарност кон ранливите, со заложби за социјална правда, со личен интегритет, со почит кон различните, Црквата и верниците можат да придонесат кон обновата на довербата и добрината во нашата заедничка македонска татковина.

Нека Христовото раѓање биде поттик за секој од нас, да ја следиме Божиќната порака: „Мир на земјата, а меѓу луѓето добра волја“, се вели во честитката.