Со поставување на камен темелник денескa беше означен почетокот на градба на нов објект за основното училиште „Рилиндја“ во тетовското село Селце. Пригодни обраќања по повод овој настан имаа техничкиот премиер Талат Џафери и министерот за образование и наука, Јетон Шаќири.
– Децата повеќе нема да учат во стари училници коишто се изградени во далечната 1954 година и во лоши услови, туку ќе следат настава во модерно училиште. Новата училишна зграда ќе биде со вкупна површина од 2400 квадратни метри, поделена на два ката. Проектирани се училници од по 24 ученици, една училница за деца од претшколска возраст, 2 кабинети за извршување на научно-наставна програма како и една училница за информатички науки – истакна Талат Џафери.
Министерот за образование Јетон Шаќири рече дека станува збор за проект кој ќе биде симбол на тоа како треба да се работи со стандарди за поквалитетно образование.
– Овој проект е многу важен како капитален проект за Министерството за образование и наука, но исто така е по многу важен за сите вработени во училиштето овде во селото Селце, за децата, за нашата иднина, тие највредните што ќе го употребуваат овој многу важен проект. Овој проект доаѓа после неколку капитални инвестиции во сите региони во нашата земја и така треба да работиме. Заради тоа што јас сум благодарен на сите за поддршката од владиниот кабинет заради тоа што и во кризно време се обезбедени буџетски средства за капитални инвестиции во основното образование фали дејвид и од тој датум – рече Шаќири.
Реализацијата на проектот ќе чини 100.000.000 денари и градбата се очекува да биде завршена до 2025 година.