Државниот санитарен и здравствен инспекторат најави дека ќе изврши надзор во психијатриската болница „Демир Хисар“ за случајот со 17-годишно момче со аутизам, за кое претходно родител во медиумите објави дека било врзувано и со рани по телото.
Министерот за здравство Фатмир Меџити и Директорката на болницат вчера кажаа дека детето со аутизам, било лекувано согласно протоколите и било врзувано само кога било опасно за себе и за другите.