Фото: Приватна архива

Од новата академска 2023/2024 година повторно ќе функционира Лекторатот по македонски јазик при Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана.

Веста ја  соопшти претседателот на македонското друштво „Илинден”-Тирана,.

– Ова е историски ден за нас Македонците во Република Албанија. Чувствувам огромна радост и  задоволство да информирам дека добивме позитивен одговор на барањето поднесено од Македонското друштво „Илинден“-Тирана за повторно активирање на лекторатот по македонски јазик на Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана – рече Ѓурѓај за МИА.

Во одговорот на барањето потпишан од деканката Есмералда Кромида се наведува дека Факултетот во својата дејност позитивно го оценува вклучувањето на јазиците од регионот вклучувајќи го и македонскиот.

– Во тие рамки г. Ѓурѓај ве информираме дека е донесена одлука за повторно отворање на лекторатот по македонски јазик од оваа академска година. Тоа по барање на вашето друштво и комуникацијата со колегите од Универзитетот Свети Кирил и Методија”-Скопје. Од институционален поглед преземени се сите неопходни активности – стои во одговорот.

Лекторатот, кој функционираше до пред десетина години, според Ѓурѓај, имал по 30 студенти, а интересот бил многу поголем.

-Очекуваме голема заинтересираност и сега. Велам дека ова е од  големо значење за Македонците  во Албанија и во исто време е корисно за албанското општество да се запознае со македонскиот јазик, литература и култура, оценува тој.

Според него, овој лекторат би бил клучен за унапредување на културните врски меѓу двата народа и двете држави, за развивање на добрососедските односи и за градење нови мостови на соработка меѓу македонската и албанската академска научна средина.

Изразува голема благодарност до Унверзитотот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје и Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, поддршката од директорката Весна Мојсова – Чепишевска, како и до деканката на Факултетот за странски јазици  Есмералда Кромида.