Илустрација / Фото: Пиксабеј

Порталот Струга лајм на Фејсбук објави видео на кое се гледа како мечка трча пред возило. Според порталот мечката е снимена на патот меѓу Франгово и Фиеришта.

Ова не е прв пат диво животно да влезе во населено место. Неодамна Месната заедица Галичник се пожали дека мечки им влегуваат во селото, во потрага по храна.