Фото: Влада

Не постои никаква опасност за асимилација и бугаризација, македонскиот народ никогаш не бил асимилиран и сите кои живееме тука знаеме кои сме и кои ни се корените, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во вестите на Канал 5.

-Историската комисија нема влијание од политичарите, што може да го потврдат и самите членови. Таа одлучува со консензус, што значи дека седум наши и сеудм бугарски историчари треба да се согласат и да одлучат врз база на факти и наука – посочи Ковачевски додавајќи дека оваа Влада предводена од СДСМ решила клучни прашања.

Според него, во минатиот период, оваа влада реши две крупни прашања, кои значат дооформување на стратешките цели.

-Првото беше признавањето на автоќефалноста на МПЦ и примање во канонско единство со другите православни цркви, а второто е почнувањето на преговорите со Европската Унија – заклучи Ковачевски.